User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Самостојна изложба на Тања Таневска во Чифте Амам

Ве информираме дека на 8 јуни 2010 година (вторник) во 20 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, ќе се отвори самостојна изложба на Тања Таневска под наслов Записи за вистината.

На изложбата Записи за вистината ќе бидат претставени шеесеттина дела – цртежи, слики и скулптури. За делата од оваа изложба, проф. Ферид Мухиќ, автор на текстот во каталогот ќе каже: `Начинот на кој се насликани овие студии на Тања Таневска ја изразува состојбата на драматична конфронтација на свесното и несвесното во нашата агонична потрага по вистината, во која дискурзивниот ум не ни е од никаква корист...

Убавината, сигурноста и, особено, енергијата на овие пробиви отаде свесното и несвесното, прават сите експонати на оваа извонредна изложба да зрачат како записи за вистината и уште, записи за тоа како да се наслика вистината! Предајте се на читањето на тие записи во кои калиграфијата на ликовното, како последна еманација на писмото, наедно го предочува изворното единство на свесното и несвесното низ кое се демонстрира чудесната способност да се разбереме себе и да комуницираме со светот.`

  • English
  • Македонски