User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Мајски оперски вечери 2010

Фестивалот Мајски оперски вечери е еден од најпосетените настани во Скопје. Со текот на годините, сцената на Македонската опера и балет (МОБ) е домаќин на бројни оперско-балетски претстави и многу концерти настапи. Овој настан претставува вистински професионален предизвик за уметниците и прекрасно музичко доживување за публиката.

Со традиција од 1972 година, фестивалот е реализиран по концепција, иницијатива и организација на г-дин Васил Ќортошев. Секоја година започнувајќи од 09 – 31 Мај, овој фестивал е во организација на Дирекцијата на Операта при МОБ.  Програмата се состои од оперски изведби, но во себе вклучува и балетски, концертни и симфониски настапи.  Ансамблите на Операта и Балетот на МОБ, оперски и балетски уметници од соседните земји и од светот се редовни учесници на Мајски оперски вечери. Оваа година програмата на фестивалот ќе вклучи, како и до сега, реномирани имиња на сценски уметници од Македонија и странство.

  • English
  • Македонски