User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Балет

Ана Ројдева

Ана Ројдева, сопран. Родена 02.08.1978 година во Скопје. Завршила соло пеење на Факултетот за Музичка уметност во класата на професор Марија Муратовска-Наумова. Во текот на студирањето настапува на концерти организирани од ФМУ и на мајсторската школа на Мирела Паруто и Антонио Боаје во рамките на Интерфест -Битола. Нејзин постојан ментор е М.р Славица Петровска-Галиќ, Уметнички директор на Операта при МОБ  и првенец на Операта .

Искра Шукарова

Искра Шукарова, кореограф и истакнат солист. Завршила нижо и средно Музичко балетско училиште во Скопје отсек класичен балет. Современ балет студира на Конзерваториумите во Лион, Франција. Дипломира Историја на уметноста и Археологија на универзитетот `Св. Кирил и Методиј` во Скопје. Магистрира танцови студии во Лабан центарот во Лондон.

Марија Јосифовска

Марија Јосифовска, родена на 27.09.1979 година во Скопје, своето балетско едуцирање го започна на својата седумгодишна возраст во Пионерскиот дом `Карпош` - Скопје, од  каде продолжува во нижото балетско училиште `Илија Николовски Луј` во класта на проф. Елисавета Кушовска. Средно образование го завршува со одличен успех и големо искуство на балетската сцена, како резултат на учеството на неколкуте натпревари и семинари на кои учествувала (Варна - Бугарија, Лозана - Швајцарија, Казанлк - Бугарија, Кастр - Франција, Конгрес на млади таленти во Реџо ди Калабрија - Италија итн.) и завршните годишни концерти, во кои секогаш настапувала со солистички улоги (како што се Симфонија на цвеќето, Заспаната убавица, Дон Кихот и др.).

Бобан Ковачевски

Бобан Ковачевски- роден 15.10.1988 год. во Скопјe.  `Илија Николовски Луј` го заврши во класата на проф Елисавета Кушовска. За време на своето школување учевствуваше на сите годишни концерти со соло улоги и одговорна задача. За време на своето школување настапуваше во Бриндизи-Италија, Белград-Србија, Пловдив-Бугарија, Тиват-Црна Гора и др.
Сезоната 2005-2006 година престојуваше на специјализација во Киев-Ураина на академијата `Кмуат` а воедно работеше и на задолжителните вежби кај еминентни и светски познат проф В.Денисенко (првиот професор на светскиот играч Михаил Баришњиков). Воедно ги усовршуваше и другите предмети како што се класичен балет, историски игри, карактерни игри, современ танц, фолклор и предметот репертоар. Со него работеа врвни, еминентни балетски педагози и репетитори.

Катерина Кипроска

Катерина Кипроска, првенка. Родена на 26.07.1971 година во Гостивар. Комплетно основно и средно балетско образование го завршува во МБУЦ `Илија Николовски Луј` во класата на проф. Елисавета Кушовска. Во МОБ - Балет е вработена од 1990 година. Во 1993 година престојува 3 месеци во Националниот балет во Торонто, Канада. Веќе од 1996 година добива статус на првенка во МОБ - Балет, Скопје. Во 1997 година престојува 1 месец во театарот Станиславски во Москва. 2004 година дипломира на Академијата за Музичка и танцова уметност во Пловдив, Бугарија. Во периодот од 2004 до 2006 година е Уметнички директор на МОБ - Балет. Од 2006 година е Уметнички директор на Европскиот Колеџ - Атина.

Александра Мијалкова

Александра Мијалкова е родена на 24.06.1973 година во Скопје. Основно и средно балетско образование завршува во МБУЦ `Илија Николовски Луј` во Скопје, во класата на балетскиот педагог Ѓурѓица Јовановска. Во 2006 година дипломира на `Украинската Академија за танц - Киевски факултет за кореографија на меѓународниот Славјански Универзитет`, отсек педагог - репетитор за класичен балет. Од 1991 година е вработена во Македонската Опера и Балет како редовен член на балетскиот ансамбл.

Syndicate content
  • English
  • Македонски